Понеделник, 27 јуни 2011 година
Конституиран седмиот парламентарен состав
![](WBStorage/Articles/7515BC3CB3EE4C46B9820E0B603B23D8.jpg)
![](WBStorage/Articles/9E96ACBE07A9E04F9FA779B29FEE6747.jpg)
По вонредните парламентарни избори, на 25 јуни 2011 година, се конституира новото Собрание на Република Македонија, на кое беа верификувани мандатите на 123 пратеници, а г. Трајко Вељаноски беше реизбран на функцијата претседател на Собранието.
Ова е седмиот пратенички состав од независноста на Република Македонија во 1991 година, прв што ќе брои 123 пратеници, од кои тројца од дијаспората.
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби 56 пратеници, коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) - 42 мандати, Демократската унија за интеграција (ДУИ) - 15, Демократската партија на Албанците (ДПА) - 8 и Националната демократска преродна (НДП) - 2.
Според законските рокови, најдоцна до 10 август треба да се формира новата влада на Република Македонија.