ЕУ вести

Среда, 21 декември 2011 година

Дополнително финансирање на сиромашните земји

Европската комисија најави обезбедување дополнителни финансиски средства за Проектот „Милениумски развојни цели“, кои ќе бидат наменети за 36 африкански, карипски и пацифички земји, со цел намалување на сиромаштијата, гладот и смртноста на децата, како и подобро здравје на мајките, чиста вода и хигиена.

Подобар пристап до храна за најсиромашните домаќинства на Хаити, обезбедување млеко за децата во градинките и основните училишта во Руанда, зголемување на бројот на здравствените работници во Гана и зачувување на водата во Самоа, се само дел од активностите кои е предвидено да бидат финансирани во наредниот период.

Иницијативата за финансирање на сиромашните подрачја беше промовирана на Самитот на Обединетите нации во Њујорк во септември 2010 година, а го опфаќа периодот до 2015 година.

Извештајот за 2011 година на Милениумските цели на ОН, покажува дека е направен значаен напредок во некои цели.
Click