ЕУ вести



Петок, 1 јули 2011 година

ЕУ ги намали роаминг цените

Повикувачките и дојдовните разговори на мобилните телефони во странство, од денеска стануваат поевтини во рамките на Европската унија. Сепак, тие и понатаму остануваат поскапи во однос на домашните повици.

Овие тарифни разлики, ЕУ очекува да исчезнат до 2015 година.

Од 1 јули, еден повикувачки разговор во роаминг ќе чини 0,35 евра по минута, а дојдовен повик за истите 60 секунди - 0,11 евра.

Што се однесува до СМС пораката, цената за испраќање од странство останува иста - 0,11 евра.

Границата од 50 евра/месец за сурфање на нет во странство останува во сила, иако корисниците можат да изберат повисок или понизок лимит. Операторите имаат обврска да ги предупредат клиентите кога ќе достигнат 80% од лимитот.

Исто така, операторите мораат да им ги соопштат роаминг тарифите на своите корисници при секој нивни влез во друга земја од Европската унија.

Овој пад на цените е дел од законодавството кое беше поддржано од страна на Европскиот парламент во 2009 година. Сегашните роаминг правила важат до јуни 2012 година, а новите Европската комисија ќе ги претстави следната седмица.

Click