ЕУ вести



Среда, 1 јуни 2011 година

„Европа и јас“ – најдобар европски проект за млади

Британското младинско списание „Европа и јас“ е добитник на главната европска награда за млади за 2011 година. Наградата се доделува секоја година за проекти коишто поттикнуваат заедничко чувство на европски идентитет и интеграција помеѓу младите луѓе.

„Европа и јас“ е онлајн списание за начинот на живеење на младите, создадено во 2007 година од млади Европејци за млади Европејци, под мотото „Да ја направиме Европа полична“.

„Проектот што го избравме е исклучително оригинален. Ако ја отворите интернет-страницата, ќе видите. Вие сте соочени со европскиот идеален маж или жена, разделени на пет различни делови: мозок, срце, дијафрагма, бебе и нозе - и секој дел претставува различна претстава за тоа што значи европски“, изјави претседателот на Европскиот парламент, г. Јержи Бузек, за време на вчерашното доделување на наградата во Ахен.

Второто место му припадна на грчкиот кусометражен филмски проект „Балканот надвор од границите“, а третото - на шпанската програма за културна размена „Сценски проект Еразмо“.

Победничките проекти се парично наградени со 5.000, 3.000, односно 2.000 евра, а беа поканети и да го посетат Европскиот парламент. 

Click