ЕУ вести



Среда, 8 јуни 2011 година

Европратениците поддржуваат визна либерализација за Бугарија и Романија

Бугарија и Романија ги имаат исполнето техничките и правните критериуми за влез во Шенген-зоната и тоа е процес што повеќе не треба да се одложува, е мислењето на повеќето од европратениците, што беше искажано за време на вчерашната дебата на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур.

Организираниот криминал, трговијата со луѓе и корупцијата, се прашањата кои се кочница за овие две земји според некои европратеници, но мнозинството од нив инсистира на тоа дека тоа не се шенгенски критериуми и посакуваат што поскоро на бугарските и романските граѓани да им биде овозможена визна либерализација.

На денешниот ден од седницата, Европарламентот ќе расправа за новиот Устав на Унгарија, заедно со комесарот за основни права, г-ѓа Вивиен Рединг и унгарскиот државен секретар по европски прашања, г-ѓа Енико Ѓори. Ќе стане збор за тоа дали со реконструкцијата на унгарскиот Устав се загрозуваат основните вредности и принципи на Европската унија.

Исто така, денеска, на претпоследниот ден од пленарната седница во Стразбур, ќе се расправа и за буџетот на Европскиот парламент во периодот од 2014 до 2020 година.

 

Click