ЕУ вести



Вторник, 7 јуни 2011 година

Европратениците повикаа на внимателност со бактеријата ешерихија коли

Во текот на денешниот ден на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, европратениците расправаа за опасната бактерија ешерихија коли, и притоа комесарот за здравство, г. Џон Дали, упати апел до земјите-членки на Европската унија да не донесуваат предвремени заклучоци кои не се научно докажани.

Членовите на Европарламентот дискутираа за последното пронајдено огниште во Германија и повикаа на подобра координација во иднина и подобро спроведувањето на правилата за етикетирање на храната. 

Тие изразија жалење поради причинетата штета врз европското земјоделство по неправедното обвинување против шпанските краставици.

На вчерашното отворање на седницата, која ќе трае до четврток, претседателот на Парламентот, г. Јержи Бузек, потсети на неколку годишнини кои се одбележуваат овој месец.

Тој информира дека на 4 јуни се одбележа 22-годишнината од првите делумно слободни избори во Полска, но и од масакрот на плоштадот Тјананмен во Кина, а месецов се навршуваат и 70 години по депортирањето од страна на советските власти во балтичките држави.

 

Click