ЕУ вести



Четврток, 30 јуни 2011 година

Европратениците во акција – стоп за корупцијата во спортот

Триста деведесет и девет европратеници потпишаа Декларација, во која бараат поголемо проучување на корупцијата во европскиот спорт, со посебен акцент на врската меѓу организираниот криминал и нелегалните обложувања, спортските агенти, судиите, вработените во клубовите и спортистите.

Истакнато е дека корупцијата во спортот е сериозен проблем, кој треба да биде решен на ниво на Европската унија, бидејќи наместените натпревари и нелегалните обложувања го убиваат духот на спортот.

Членовите на Европскиот парламент бараат од Европската комисија да ги регулира обложувањата во живо, како би се тргнало во борба против наместените натпревари и би се добила гаранција за чесност и праведност во спортот.

Спортот е една од надлежностите на ЕУ по Лисабонскиот договор. Европарламентот ќе расправа по Извештајот за европската димензија во спортот за време на пленарната седница во ноември. Извештајот ќе се фокусира на борбата против допингот, расизмот, измамите, наместените натпревари и поттикнувањето на доброволно делување во спортот, заштита на малолетните и заштита на околината.

Click