ЕУ вести



Среда, 15 јуни 2011 година

Нова конвенција за заштита на жените жртви на насилство

Парламентарното собрание на Советот на Европа и Организацијата на обединетите нации, заеднички ги повикаа сите 27 земји-членки на Европската унија, како и самата Унија, да се приклучат кон новата револуционерна Конвенција на Советот на Европа против насилството врз жените и домашното насилство.

„Насилството врз жените претставува нарушување на човековите права, произлезено од нерамноправниот однос меѓу жените и мажите. Оваа конвенција е пресуден белег на патот кон осигурување на рамноправно уживање на човековите права“, изјави претседателот на Комитетот за еднакви можности на ПАСЕ, г. Хосе Мендес Бота.

Специјалниот известувач на ООН за насилството врз жените, г. Рашида Мањо, оцени дека Конвенцијата го отвора патот за заштита, помош и правда на жртвите од насилството врз жените.

Важно е Конвенцијата да има силна поддршка од Европската унија и нејзините земји-членки. Се очекува таа да поттикне развој на европското законодавство во однос на заштитата на жените жртви на насилството.

Click