ЕУ вести



Понеделник, 6 јуни 2011 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Од 6 до 9 јуни, Европскиот парламент, во Стразбур, одржува пленарна седница, на која, покрај останатото, ќе се дискутира за актуелната состојба со опасната бактерија ешерихија коли, како и за тоа дали Бугарија и Романија треба да се вклучат во Шенген-зоната.

В среда ќе стане збор за буџетот на Европската унија во периодот 2014-2020 година, а в четврток ќе следува гласање по оваа точка.

Исто така, задутре, Советот и Комисијата ќе ги запознаат европратениците со планот кој ќе гарантира дека преработениот унгарски устав нема да ги наруши основните вредности и принципи на ЕУ.

Истиот ден, на дебатата со Штефан Фуле за проширувањето и европската политика на добрососедство, клучна тема ќе биде неодамна усвоената Патна карта за ублажување на визната политика на ЕУ со Русија.

На пленарната седница ќе се разговара и за слободната трговија меѓу ЕУ и Канада, за човековите права и демократијата, како и за неколку други теми.

Click