ЕУ вести



Четврток, 1 декември 2011 година

Светски ден за борба против сидата

Денешниот ден, 1 декември, е Светски ден за борба против сидата, кој во Македонија се одбележува под мотото „Визијата за свет со нула ХИВ-инфекции, нула дискриминација и свет со нула смртни случаи асоцирани со СИДА“. На овој ден секоја година организации и физички лица од целиот свет спроведуваат кампања во светски рамки за информирање на луѓето за опасноста од оваа болест, начините на пренесување и превентива.

Синдромот на стекнат имунолошки дефицит или попознато СИДА, е болест која претставува последен стадиум на ХИВ вирусот, за кој засега не постои лек или вакцина кои загарантирано можат да го излечат.

Во светот, бројот на заболени од овој смртоносен вирус е 34 милиони. Во Македонија, бројката на вкупно заболени, од појавата на првиот случај во 1989 година до денес, достигна 142, од кои 66 сè уште се живи. Годинава има 10 случаи, од кои седум имаат сида, а тројца се носители на ХИВ вирусот.

Податоците на Обединетите нации покажуваат дека од сида во текот на изминатите три децении починале повеќе од 25 милиони луѓе.

Постои разлика помеѓу поимите ХИВ позитивно лице и лице болно од СИДА. ХИВ позитивното лице е заразено од ХИВ вирусот, што не значи дека има СИДА. До појавата на болеста може да помине период од две до десет години. ХИВ позитивно лице може да изгледа потполно здраво, способно за било која активност.[

ХИВ вирусот може да се пренесе на повеќе начини: преку сексуален однос без користење заштита, од заразена бремена мајка на детето во текот на бременоста или при доење, со заедничка употреба на игли и шприцеви, при контакт со заразена крв на дел од телото кој е оштетен, итн. Вирусот не може да биде пренесен преку секојдневни социјални контакти, ниту преку животни.

 

Click