ЕУ вести



Понеделник, 27 јуни 2011 година

Успешен старт на преговорите за членство на Исланд во ЕУ

На Меѓународната конференција за пристапување, во Брисел, Исланд успешно ги започна преговорите за членство во Европската унија. Беа отворени преговорите по четири од вкупно 35 преговорни глави, а две од нив, веќе се времено затворени.

Оваа година Исланд ќе ја отвори првата половина од главите, а останатите во текот на идната година.

Исланд поднесе барање за членство во ЕУ на 16 јули 2009 година. Во февруари 2010 година, Европската комисија објави дека го поддржува отворањето на пристапните преговори со оваа земја, а точно пред една година од денеска, започнаа преговорите.

Како дел од Европската економска област, Исланд веќе е дел од единствениот пазар на ЕУ, како и од Шенген-зоната. Земјата се надева дека ќе стане 29-та членка на Унијата, веднаш откако тоа ќе го стори и Хрватска.


 

Click