ЕУ вести



Среда, 29 јуни 2011 година

За итна помош во странство - телефонски број 112

Во овој период на летни одмори, треба да се знае дека во случај на потреба од итна помош во било која од 27-те земји-членки на Европската унија, треба да се повика телефонскиот број 112.

Значи, со едноставно вртење на овој број, независно дали од мобилен или фиксен телефон, ќе се добие потребната помош од Полиција, Брза помош или Пожарна, без разлика за кое место во Европа станува збор.

112 е официјален европски број за итни случаи од февруари 2009 година и не претставува замена за националните броеви за итни повици, туку дејствува паралелно со нив.

 

Click