Најави

Вторник, 11 октомври 2011 година, 12,00 часот, Свечена сала

Доделување на државната награда „11 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели наградата „11 Октомври“ за 2011 година за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Наградата за животно дело во областа на културата и уметноста ќе им биде врачена на: г-ѓа Тања Вујисиќ-Тодоровска, балетски уметник; г. Ресул Шабани, писател и г. Петар Темелковски, автор.

Во областа на заштитата на вредностите на културно-историското наследство, наградата за животно дело ќе му биде доделена на г. Миле Бошески, советник-библиотекар.

Наградата за животно дело во областа на стопанството ќе му биде врачена на проф.д-р Тихомир Чепреганов.
Click