Најави

Недела, 23 октомври 2011 година, 12,00 часот, Свечена сала
 
Доделување на државната награда „23 Октомври“
 
На 23 октомври 2011 година (недела), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12,00 часот, Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ ќе ја додели наградата „23 Октомври“ за 2011 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.

Државната награда „23 Октомври“, за остварување во областа на науката и образованието, се доделува на проф. д-р Томе Неновски, професор.

Државната награда „23 Октомври“, за остварување во областа на културата и уметноста, се доделува на Паскал Гилевски, писател и Коле Манев, ликовен уметник.
Click