Најави

Четврток, 24 ноември 2011 година, 14,00 часот, Сала 3 

Комисија за прашања на изборите и именувањата
 
Предлог на дневен ред: 

1. Утврдување предлог за избор на еден член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија што го избира Собранието на Република Македонија;
 
2. Утврдување предлог-одлука за именување член на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер;
 
3. Утврдување предлог-одлука за избор на заменик-директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци;
 
4. Утврдување предлог-одлука за именување на член на Државната комисија за спречување на корупцијата;
 
5. Утврдувањe предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменик-претседатели, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија;
 
6. Утврдувањe предлог-одлука за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави;
 
7. Утврдување предлог-одлука за дополнување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменик-членови на Националниот совет за евроинтеграции; 
 
8. Предлог-одлука за определување на коефициент за утврдување на плата на претседателот, заменик-претседателот и на членовите на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен;
 
9. Разно.
 

Click