Најави



Понеделник, 26 декември 2011 година, 11,00 часот, Сала 1

ОСУМНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 
(започната на 19.12.2011 год.) (петто продолжение)
 

Дневен ред:

...

9. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита (прво читање), поднесен од пратениците: Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голубчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јофковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цаноски, Ленче Николовска, Мевмед Џемајлоски, Сафет Бишевац, Тито Петковски, Ивон Величковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска и Николче Ацевски;

10. Предлог на закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост (прво читање), поднесен од пратениците Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голубчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јофковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Тито Петковски, Ивон Величковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска, Николче Ацевски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цаноски, Ленче Николовска, Мевмед Џемајлоски и Сафет Бишевац;


11. Предлог на закон за дополнителна супервизија на финансиски конгломерат  (второ читање);

12. Предлог на закон за вложување на Република Македонија во акционерскиот капитал на Европа Ре (второ читање);

13. Предлог на закон за дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања (второ читање);

14.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (второ читање);

15. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за осигурување од природни катастрофи (второ читање);

16. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за водостопанствата (второ читање);

17. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната за животни (второ читање);

18. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната (второ читање);

19. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за ловството (второ читање);

20. Предлог на закон за изменување на Кривичниот законик (второ читање);

21. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка;

22. Предлог на закон за дополнување на Законот за бесплатна правна помош, по скратена постапка;

23. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за процена, по скратена постапка;

24.  Предлог на закон за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во друштвото АД за истражување, проектирање, производство и изградба на енергетски индустриски објекти со полна одговорност ЕМО Охрид, по скратена постапка.

25. Годишна програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2012 година;

26. Предлог на одлука за одобрување на Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2012 година;

27. Предлог на одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување на Статутот на Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип;

28. Барање за давање автентично толкување на член 2 став 1 точка 5, во врска со член 2 став 1 точка 9 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, поднесено од пратеникот Стојко Пауноски.           

           

 

 

 

 

 

 

Click