Најави



Среда, 16 март 2011 година, 11,00 часот, Сала 1 

СТО ЧЕТИРИЕСЕТ И ТРЕТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 

Предлог на дневен ред:

 

1. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка (прво читање);

2. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување (прво читање);

3. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот (прво читање);

4. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа (прво читање);

5. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градежните производи (прво читање);

6. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура (прво читање);

7. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај (прво читање);

8. Предлог на закон за националниот уметник на Република Македонија (прво читање);

9. Предлог на закон за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење (прво читање);

10. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за културата (прво читање);

11. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата (прво читање);

12. Предлог на закон за изменување на Законот за обезбедување на лица и имот (прво читање), поднесен од пратеникот Павле Трајанов;

13. Годиш ен извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2010 година;

14. Предлог автентично толкување на одредбите од членовите 48 став 1, 51 и 52 од Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка;

15. Барање за давање автентично толкување на член 11 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, поднесено од пратениците Владо Бучковски и Цветанка Иванова;

16. Барање за давање автентично толкување на член 145 ставови 1 и 2 од Законот за извршна постапка, односно член 157 ставови 1 и 2 од Законот за извршување, поднесено од пратеникот Цветанка Иванова.

 

Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

 

1. Утврдување на Предлог на амандманот XXXII  на Уставот на Република Македонија;

2. Донесување на Амандманот XXXII  на Уставот на Република Македонија;

3. Прогласување на Амандманот XXXII  на Уставот на Република Македонија;

 4. Предлог на одлука за огласување именување на членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, поднесен од пратеникот Илија Димовски;

 5. Предлог на закон за изменување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија (прво читање), поднесен од пратениците Владимир Ѓорчев, Талат Џафери, Оливера Трајановска, Иван Стоилковиќ, Оливер Алексовски, Горан Ѓуровски, Марјанчо Колевски и Цветан Трипуновски;


 6. Предлог на закон за меѓународни рестриктивни мерки (второ читање);

7. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за одбрана  (второ читање);

8. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи (второ читање);

9. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (второ читање);

10. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Филмскиот фонд на Република Македонија (второ читање);

11. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за инспекцијата на труд (второ читање);

12. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување (второ читање);

13. Предлог на закон за престанување на важење на Законот за заштита од штети на полскиот имот (второ читање);

14. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за шумарска и ловна инспекција (второ читање);

15. Дополнет предлог на закон за отворените граѓански универзитети (второ читање);

16. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование (второ читање);

17. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам (второ читање);

18. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот (второ читање);

19. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар (второ читање);

20. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи (второ читање);

21. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавен долг (второ читање);

22. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати (второ читање);

23. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за платниот промет (второ читање);

24. Предлог на закон за изменување и дополнување  на Законот за преземање на акционерските друштва (второ читање);

25. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување  на Законот за лизинг (второ читање);

26. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување  на Законот за техничката инспекција (второ читање);

27. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување  на Законот за трговија (второ читање);

28. Предлог на закон за изменување и дополнување  на Законот за Државен пазарен инспекторат (второ читање);

29. Предлог на закон за изменување и дополнување  на Законот за вршење на занаетчиска дејност (второ читање);

30. Предлог на закон за дополнување  на Законот за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (второ читање);

31. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи (второ читање), поднесен од пратениците Цветко Грозданов, Илија Димовски, Крсто Муковски, Талат Џафери и Владимир Ѓорчев;

32. Извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2010 година;

33. Предлог на одлука за основање и состав на Повремена комисија за утврдување на состојбата на Избирачкиот список, поднесен од пратениците Рафис Алити, Светлана Јакимовска, Тахир Хани и Силвана Бонева;


34. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина (прво читање);


35. Предлог на закон за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување (прво читање);

36. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата (прво читање);

37. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од бучава во животната средина (прво читање);

38. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на козметичките производи (прво читање);

39. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудиовизуелните добра (прво читање);

40. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за стечај (прво читање);

41. Предлог на закон за дополнување на Законот за основање на македонска академска истражувачка мрежа (прво читање);

42. Предлог на  закон за дополнување на Законот за електронско управување (прво читање);

43. Предлог на закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка;

44. Предлог на закон за изменување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка;

45. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државните службеници, по скратена постапка;

46. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните службеници, по скратена постапка;

47. Предлог на закон за изменување и дополнување  на Законот за општата управна постапка, по скратена постапка;

48. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управната инспекција, по скратена постапка

49. Предлог на закон за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова - КФВ по Договорот за заем за Проектот "Наводнување на јужната долина на реката Вардар - фаза II", по скратена постапка;

50. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи, по скратена постапка;


 51. Предлог на закон за изменување и дополнување на Царинскиот закон (прво читање);

52. Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик (прво читање);

53. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за водите (прво читање);

54. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот (прво читање);

55. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со пакување и отпадот од пакување (прво читање);

56. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори (прво читање);

57. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух (прво читање);

58. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција (прво читање);

59. Предлог на закон за поттикнување и помагање на технолошкиот развој (прво читање);

60. Предлог на закон за изменување и дополонување на Законот за туристичка дејност (прво читање);

61. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжителен примерок (прво читање);

62. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита (прво читање);

63. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за Проектот за изградба на автопатот на Коридорот X, на делницата Демир Капија - Смоквица, по скратена постапка;

64. Предлог на закон за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, по скратена постапка;

65. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за домување, по скратена постапка;

66. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка, поднесен од пратениците Тахир Хани и Силвана Бонева;

67. Предлог за именување гувернер на Народната банка на Република Македонија;

68. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита, по скратена постапка;

69. Предлог на одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин“;

70. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“;

71. Предлог на одлука за објавување јавен конкурс за избор на член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, поднесен од пратеникот Илија Димовски;

72. Предлог на одлука за објавување јавен конкурс за избор на заменик-директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци, поднесен од пратеникот Илија Димовски;

73. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година, по скратена постапка, поднесен од пратениците Тахир Хани и Силвана Бонева;

74. Предлог на закон за дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала, по скратена постапка, поднесен од пратеникот Марија Андоновска.

Click