Најави

Четврток, 10 март 2011 година, 13,30-15,30 часот, Сала „Борис Трајковски“

Јавна расправа на тема „Улогата на буџетските процеси во унапредувањето на рамноправноста помеѓу жените и мажите“

Комисија за еднакви можности на жените и мажите и Комисија за финансирање и буџет, во соработка со Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика и канцеларијата на ОН за родова рамноправност и унапредување на жените (UN Women)

Поздравно обраќање:

-       Лилјана Поповска, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

-       Јован Манасиевски, претседател на Комисијата за финансирање и буџет

-        Џељал Бајрами, министер за труд и социјална политика

-        претставник на Министерството за финансии

-        Ерика Квапилова, директорка на Регионалната канцеларија за Централна и Југо - Источна Европа, Тело на ОН за родова рамноправност и унапредување на жените (UN Women)

 
Излагања:

 1. Јавен буџет кој одговара на потребите на жените и мажите во Република Австрија – родово буџетирање како дел од федералната буџетска реформа
 
-  Д-р Фредерике Шварцендорфер, заменик-генерален директор во дирекцијата за буџет, Сојузно министерство за финансии на Австрија

 2. Измени во буџетското упатство во системот на јавни финансии на Федерацијата на Босна и Херцеговина: оценување на влијанијата на јавната потрошувачка врз жените и мажите – Националниот акционен план за родово буџетирање на ФБиХ (процес, содржина, предизвици, научени лекции)
 
- Викица Суњиќ, координатор на групата за родово буџетирање на владата на ФБиХ

 3. Први чекори на вклучување на родовото буџетирање во секторските политики – презентација на клучните чекори реализирани од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Федерацијата на Босна и Херцеговина
 
- Факета Беговиќ, секретар во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Федерацијата на Босна и Херцеговина

 4. Унапредување на рамноправноста помеѓу жените и мажите преку родовото буџетирање во Република Македонија - искуството на Владата на РМ и можностите и перспективите за воведување измени во буџетскиот циркулар
 
- Елена Грозданова - државен советник за еднакви можности помеѓу жените и мажите во Министерство за труд и социјална политика

 
Дискусија

Заклучоци од јавната расправа

 
Јавната расправа е отворена за медиуми
Click