Најави

Петок, 18 март 2011 година, 14.00 - 15.00 часот, Сала „Борис Трајковски“
 
Средба на Националниот совет за евроинтеграции со г-ѓа Сандра Калниете 

Во работна посета на Република Македонија ќе претстојува г-ѓа Сандра Калниете, пратеник во Европскиот парламент и известител за новите политики во областа на земјоделството за новите земји-членки на Европската унија, поранешен министер за надворешни работи на Латвија и поранешен член на Европската комисија задолжена за земјоделство и рибарство.

Во рамките на својата посета г-ѓа Сандра Калниете ќе оствари средба со членовите и претставниците на Националниот совет за евроинтеграции.

На средбата се поканети и членовите на Комисијата за европски прашања, Комисијата за надворешна политика, Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ и Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Средбата е отворена за медиуми.

Click