Најави



Петок, 14 јануари 2011 година, 11,00 часот, Сала 4

ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА 

 
Предлог на дневен ред:

 

1.  Предлог-закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Хрватска за соработка во заштитата од природни и техничко - технолошки катастрофи;

2.  Предлог-закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за соработка на полето на заштита од природни и други несреќи;

3.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за индустриската сопственост (прво читање);

4.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на производите (прво читање);

5.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води (второ читање);

6.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за управување со пакување и отпад од пакување (второ читање);

7.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај (второ читање);

8.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај (второ читање);


9.  Предлог-закон за интероперабилност во железничкиот систем (второ читање);

10.  Предлог-закон за градежно земјиште (второ читање);


11.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запис во патниот сообраќај (второ читање);

12.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за таксата за привремен престој (второ читање);


13.  Предлог-закон за енергетика (второ читање);

14.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност (второ читање);

15.  Предлог-закон за стопанските комори (второ читање);

16.  Предлог-закон за изменување и дополнување на законот за правна заштита на услугите кои се засноваат на, или опфаќаат, условен пристап (второ читање);


17.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за електронска трговија (второ читање);

18.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица (второ читање).

 Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

1. Предлог-закон за ратификација на Договорот во врска со Координативниот комитет во рамките на состанокот на министрите за одбрана на Југоисточна Европа (СЕДМ КК);

2. Предлог-закон за ратификација на Спогодбата за научна и технолошка соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора;

3. Предлог-закон за ратификација на Спогодбата за РАКВИАК - Центар за безбедносна соработка.

4. Предлог-закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора за соработка во областа на образованието. 

 5.Утврдување Пречистен текст на Законот за парничната постапка.

Click