ЕУ вести



Вторник, 19 април 2011 година

Нови предлози за европските избори

Комисијата за уставни прашања на Европскиот парламент најави засилување на легитимноста на Парламентот преку нови предлози за европските избори, кои ќе бидат ставени на гласање на пленарната седница во јуни.

Европарламентот ќе брои 776 пратеници, од кои 25 ќе бидат избрани од транснационалните избирачки листи, а 751 на национално ниво.

Значи, секој избирач ќе располага со две листи, една за националните листи, а другата за целокупната Европска унија.

Политичките партии во ЕУ ќе бидат задолжени за изготвувањето на транснационалните избирачки листи со 25 кандидати за секој список. Кандидатите треба да доаѓаат од најмалку една третина од земјите-членки на ЕУ.

Националните органи ќе ги пребројуваат гласовите во целата Европска унија, но и на национално ниво, и тие ќе ги достават резултатите до изборниот орган на ЕУ, кој ќе биде набљудувач на изборите во целата Унија.

Комисијата предлага, наместо во јуни, изборите за Европскиот парламент да се поместат за мај, што би дало повеќе време за подготовка на секој парламент за избор на претседател на Европската комисија во јули. Исто така, овој подранет датум ќе значи дека изборите нема да се спроведат за време на летниот одмор во северните земји-членки.

Членовите на Европарламентот можат да побараат од Комисијата да предложи начини за олеснување на граѓаните на ЕУ кои живеат надвор од матичните земји да земат учество во европските избори.

Лисабонскиот договор бара од европратениците да покренат решение за составот на Парламентот. Некои од предлозите ќе бараат и промени во Договора за ЕУ, што од своја страна потегнува меѓувладини конференции и ратификација од сите 27 земји-членки на ЕУ.

Законот за изборите за Европскиот парламент од 1976 година, исто така, треба да биде изменет, а потребно е прилагодување и на други прописи. 

Click