Петок, 11 ноември 2011 година, 12,00 часот, Сала на Влада
Давање свечена изјава
Господин Борис Кондарко е избран за претседател на Државната изборна комисија, г. Субхи Јакупи, за потпретседател на Државната изборна комисија, а г. Владо Сајкоски, г. Сашо Срцев, г. Јован Јосифовски, г-ѓа Виолета Дума и г. Бедредин Ибраими се избрани за членови на Државната изборна комисија и по тој повод ќе дадат свечена изјава.
По давањето на свечената изјава г. Трајко Вељаноски, претседателот на Собранието на Република Македонија ќе даде кратка изјава за медиуми.