Соопштенија

Вторник, 23 август 2011 година

 
Доделување на наградата „Мајка Тереза“

 
На 26 август 2011 година (петок), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12,00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели наградата „Мајка Тереза“, за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

За особено значајни остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност наградата „Мајка Тереза“ се доделува на Сами Нуредини и Здружението за цистична фивроза.
Click