Соопштенија



Среда, 21 декември 2011 година, 14,00 часот, Свечена сала

Доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин“

На 21 декември 2011 година (среда), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 14,00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин“ ќе ја додели наградата „ Мито Хаџи Василев Јасмин“ за 2011 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија.

Државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин“, за остварување во областа на публицистиката, се доделува на Тина Иванова Бејков, публицист.

Државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин“, за остварување во областа на новинарството, се доделува на Драган Антоновски и Предраг Димитровски, новинари.

Click