Соопштенија



Четврток, 6 октомври 2011 година

Јавна расправа на тема „Предлог-закон за дополнување на Законот за градење"

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, ќе одржи јавна расправа на тема „Предлог-закон за дополнување на Законот за градење", поднесен од пратениците Ристо Манчев и Димитар Стевананџија. Расправата ќе започне на 10 октомври 2011 година во 11 часот во салата „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Македонија.

Во расправата ќе учествуваат претставници од Владата на Република Македонија, народниот правобранител на Република Македонија, професор од Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Катедрата за граѓанско право, судија од Врховниот суд на Република Македонија, двајца претставници од ЗЕЛС и претставник од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам .

На расправата се поканети да присуствуваат претседателот, потпретседателите и координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија, и други пратеници во Собранието на Република Македонија.

Click