Соопштенија



Понеделник, 1 август 2011 година

Положување венци свежо цвеќе во Крушево

По повод 2. Август - Ден на Републиката, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија и членовите г-ѓа Силвана Бонева, г. Арбен Лабеништа, г. Горан Сугаревски и г. Николче Ацевски, ќе положи венци свежо цвеќе во Крушево.

Покровител на манифестацијата „Десет дена Крушевска република“ е претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски.

На 2 август 2011 година, во 9,30 часот делегацијата ќе положи венец свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, во 10,00 часот на споменикот Слива „На хероите на Слива“ и во 12,00 часот на „Мечкин Камен“, каде што ќе се обрати г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија.

Click