Вторник, 26 јули 2011 година, 10,00 часот
Положување венец свежо цвеќе пред споменикот на загинатите во земјотресот
По повод одбележувањето на 48 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, Собраниска делегација, предводена од г-ѓа Сузана Салиу, потпретседател на Собранието на Република Македонија, денеска ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на загинатите во земјотресот.
Во состав на Делегацијата ќе бидат и пратениците: г. Александар Спасеновски, г-ѓа Тања Томиќ, г-ѓа Ленче Николовска и г. Ивон Величковски.