Соопштенија



Понеделник, 10 октомври 2011 година

Учество на Македонска собраниска делегација на Есенската годишна сесија на ПС на НАТО

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, предводена од г. Талат Џафери, а во чиј состав е и членот на Делегацијата, г. Павле Трајанов, учествува во работата на Есенската годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО, која се одржува од 7 до 10 октомври во Букурешт, Романија.

Во текот на Есенската сесија, а пред одржувањето на седницата на Парламентарното собрание, седници одржуваат Политичкиот комитет, Комитетот за цивилна димензија и одбрана, Комитетот за одбрана и безбедност, Комитетот за наука и безбедност и Комитетот за економија и безбедност.

На Пленарната седница, на учесниците ќе им се обратат: г. Карл Ламерс, претседател на ПС на НАТО; г. Мирчеа Геоана, претседател на Сенатот на Романија; г-ѓа Роберта Анастасе, претседател на Претставничкиот дом на Парламентот на Романија; г. Трајан Басеску, претседател на Романија, г. Андерс Гог Расмусен, генерален секретар на НАТО и претседавач на Северноатлантскиот совет.

 


 

Click