Соопштенија



Среда, 16 ноември 2011 година

Учество на собраниска делегација на состанокот на Комисијата за обрски и заложби на земјите-членки на Советот на Европа

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Александар Николоски и членот на Делегацијата г. Игор Ивановски, на 17 ноември 2011 година во Париз, Франција, ќе учествуваат на состанокот на Комисијата за обрски и заложби на земјите-членки на Советот на Европа (Мониторинг комисијата).

Во 2000 година со Резолуцијата 1213 и Препораката 1453 е затворена мониторинг процедура и е воведен постмонитиноринг дијалог со Република Македонија.  

Во ПС СЕ се води постмониторинг дијалог и со Бугарија, Монако и Турција, а Албанија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Ерменија, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Русија, Србија и Украина, сè уште се наоѓаат во фаза на целосна мониторинг процедура.

Click