Петок, 28 декември 2012 година, 14,00 часот, Сала 3
Состанок на Клубот на пратенички
Состанокот е по повод настаните што се случуваа во последниот месец дена за време на работата на Комисијата за финансирање и буџет, Законодавно-правната комисија, како и настаните пред почетокот на седницата одржана на 24 декември 2012 година.
Целта на овој состанок е членовите на Клубот на пратенички да ги споделат своите видувања за настаните како жени и политичарки, одговорни за иднината на својата држава.