Петок, 20 јули 2012 годинаСредба на претставнички на Клубот на пратенички со вицепремиерот Теута АрифиПретставнички на Клубот на пратенички вчера имаа средба со заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Теута Арифи.
За време на средбата се разговараше за активностите на Клубот на пратенички во насока на унапредување на процесите на родова еднаквост и усогласувањето на нашите прописи со европските стандарди и добри практики во оваа сфера, со оглед на тоа што овој процес е значаен аспект од европската интеграција на Република Македонија.
На состанокот заеднички беше договорено во наредниот период да се интензивираат активностите во делот на родовата еднаквост.