Четврток, 17 мај 2012 година
Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Големото Национално Собрание на Република Турција, г. Џемил Чичек
Вкупните билатерални односи помеѓу Република Македонија и Република Турција, кои се и повеќе од пријателски, одат во нагорна линија на сите подрачја, а во тие рамки значајна улога и придонес има парламентарната соработка, истакна на почетокот претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски. Истакнувајќи ја континуираната пријателска и принципиелна политика на Република Турција, претседателот Вељаноски изрази задоволство и благодарност за помошта и поддршката која ја дава Република Турција во интеграционите процеси, а посебно за нашето членство во НАТО, а убеден сум дека таа поддршка ќе ја имаме и на претстојниот самит на НАТО