Понеделник, 7 мај 2012 година
Средба на претседателот Вељаноски со еврокомесарот за проширување на ЕУ, г. Штефан Филе
На средбата со еврокомесарот за проширување на Европската унија, г. Штефан Филе, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, потсети дека во трите последователни извештаи на Европската комисија за напредокот на Република Македонија и препораките за започнување на пристапните преговори, Собранието е оценето многу позитивно и како една од клучните институции во нашето интегрирање во Европската унија