Собраниско раководство



Четврток, 13 септември 2012 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО Г-ЃА ЏЕЈН АРМЕТИЏ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска оствари средба со директорот на Светската банка за Југоисточна Европа, г-ѓа Џејн Арметиџ и директорот на Светската банка за Република Македонија, г-ѓа Лилија Бурунчук.

И двете страни го изразија своето задоволство од долгогодишната одлична соработка помеѓу Република Македонија и Светската банка. Претседателот Вељаноски ја потенцираше улогата на Светската банка во унапредувањето на економските состојби во државата, со посебен осврт на проектите кои се имплементирани на општинско ниво.

Госпоѓа Арметиџ се осврна на макроекономската ситуација во Република Македонија, која ја оцени како стабилна и подобра од земјите во регионот, имајќи ја предвид финансиската криза во еврозоната.

Двете страни се договорија за продолжување на успешната соработка помеѓу Собранието на Република Македонија и Канцеларијата на Светска банка, преку размена на информации и презентации пред надлежните комисии.

 

Click