ЕУ вести



Среда, 7 март 2012 година

Болоња - најмобилен европски град

Италијанскиот град Болоња е прогласен за најмобилен град во Европа за 2011 година, во рамките на Европската недела на мобилност.

Жирито од независни експерти одлучи овој град да ја понесе титулата во тесна конкуренција со кипарскиот град Ларнака и хрватски Загреб, оценувајќи го како најдобар пример за промоција на еколошката алтернатива на користење автомобили и вклученост на граѓаните во активности за одржлива урбана мобилност.

Наградата ја врачија еврокомесарите за животна средина и за транспорт, г. Јанез Поточник и г. Сим Калас, за време на свечената церемонија во Музејот за музички инструменти во Брисел. 

Инаку, Болоња е седми град по големина во Италија, кој е најпознат по Болоњскиот универзитет како најстар и многу ценет во Европа, а стариот дел на градот е под заштита на УНЕСКО. 

 

Click