Среда, 4 јануари 2012 година
Данска - нов претседавач со ЕУОд почетокот на новата година, Данска ја презеде од Полска улогата на претседавач со Европската унија. Како свои приоритети за наредните шест месеци Данското претседателство ги издвои: економијата, развојот, екологијата и безбедноста, поделени во четири столбови: одговорна, динамична, зелена и безбедна Европа.
Данска, меѓу другото, ќе се залага за надминување на финансиска криза на Стариот континент и спречување на нејзино повторување во иднина, потоа за отворање нови работни места, за максимален влез во дигиталната ера, искористување на потенцијалите на заедничкиот пазар, за еколошки развој, соработка во Шенген-зоната, како и заедничка борба против криминалот и тероризмот.
Во однос на проширувањето на ЕУ, официјален Копенхаген смета дека тоа е во корист на цела Европа и ќе ја поддржи оваа политика.
Шестмесечното ротирачко претседателство со Унијата, на 1 јули 2012 година, Данска ќе му го отстапи на Кипар.