ЕУ вести

Понеделник, 23 април 2012 година

Ден на планетата Земја

Со низа еколошки акции, викендов, се одбележа 22 април - Денот на планетата Земја, со цел будење на свеста кај луѓето за заштита на животната средина.

По тој повод, милиони вљубеници во природата ширум светот, организираа концерти, работни акции за чистење и засадување дрвца, како и шетање во природа.

Тие потсетија на опасностите кои ѝ се закануваат на Земјата, посебно акцентирајќи ги климатските промени како најголема закана за планетата досега.   

Инаку, 22 април се одбележува како Ден на Земјата од 1970 година, на предлог на тогашниот американски сенатор и екологист Гејлорд Нелсон.
Click