ЕУ вести

Четврток, 18 октомври 2012 година

Есенски состанок на Европскиот совет

Економијата и монетарната политика ќе бидат во фокусот на традиционалниот есенски состанок на Европскиот совет, кој ќе се одржи денеска и утре во Брисел.

Европските челници ќе го разгледаат привремениот извештај за зајакнување на Економската и монетарна унија предвиден во заклучоците од јунскиот состанок на Европскиот совет, кој веќе им е доставен од страна на претседателот на Европскиот совет, г. Херман ван Ромпуј.

Шефовите на држави или влади ќе дискутираат за можностите за развој и отворање нови работни места, како и за предлогот за единствен европски механизам за банкарски надзор.

Предвидена е и отворена размена на мислења во врска со односите со стратешките партнери, а ќе стане збор и за други прашања, како состојбите во Сирија, Иран и Мали.
Click