ЕУ вести

Понеделник, 3 септември 2012 година

Европарламентот започнува со работа

Летната пауза заврши за европратениците и тие веќе денеска продолжуваат со својата работа. Оваа седмица политичките групи и комисии во Европскиот парламент ќе одржат состаноци на кои ќе се подготвуваат за септемвриската пленарна седница.

Денеска европратениците ќе расправаат за начините за создавање на вистински економски сојуз, а ќе се одржи и јавна расправа за тоа како да се олесни преминот од итна ЕУ помош во долгорочна развојна соработка, базирана на искуствата од Хаити, Авганистан и Нигер.

Исто така, Комисијата за граѓански слободи ќе гласа по предлогот за ограничување на пристапот до хемикалиите коишто можат да се користат за создавање експлозив дома, кој потоа се користи за терористички напади.

Истата комисија ќе гласа и по договорот на Советот за Европската година на граѓаните - 2013, година која ќе биде посветена на подигнување на свеста за правата кои ги уживаат граѓаните, посебно кога се движат во друга земја-членка на ЕУ.

В среда, претседателот на Европарламентот, г. Мартин Шулц, ќе оствари контакт со своите пријатели на социјалната мрежа „Фејсбук“, што е шанса за сите оние кои се заинтересирани да добијат одговор на некои прашања. 
Click