ЕУ вести



Среда, 18 јануари 2012 година

Избрани 14 нови потпретседатели на Европарламентот

На пленарната седница во Стразбур, во третиот круг од гласањето, европратениците ги избраа 14-те потпретседатели на Европскиот парламент, кои ќе му бидат заменици на новиот претседател, г. Мартин Шулц.

Џани Питела и Роберта Анџелили (Италија), Мигуел Анџел Мартинес и Алехо Видал-Квадрас (Шпанија), Ани Подимата и Јоргос Парастамкос (Грција), Отмар Карас (Австрија), Едвард Мекмилан-Скот (Велика Британија), Изабел Дуран (Белгија), Александер Алваро (Данска), Рајнер Виланд (Германија), Олджих Власак (Чешка), Јачек Протасиевич (Полска) и Ласло Сурјан (Унгарија), се имињата кои добија намногу гласови за потпретседатели.

Во текот на седницата, данскиот министер за надворешна политика, г. Николај Вамен, пред европратениците ги претстави приоритетите на неговата земја за време на претседавањето со Европската унија, кое стартуваше на 1 јануари годинава.

Одговорна, динамична, зелена и безбедна Европа се четирите области на кои ќе се фокусира Данското претседателство во овие шест месеци.

На четиридневната седница, која започна во понеделникот, меѓу другото, ќе се дебатира и за новиот контроверзен Устав на Унгарија.

Click