ЕУ вести



Понеделник, 24 септември 2012 година

Изложба на збирката уметности на Европарламентот

Европскиот парламент, во Центарот за посетители, т.н. Парламентариум, во Брисел, од 16 август до 31 октомври, јавно прикажува дел од својата збирка уметнички дела. На изложбата ART@EUROPARL, посетителите ќе имаат можност бесплатно да погледнат 54 дела од арт колекцијата на Европарламентот.

Почетокот на колекцијата на уметнички дела на ЕП датира од 1980 година, на иницијатива на првиот претседател избран директно од Европскиот парламент, г. Симон Вејл, со цел на европско ниво да се воведе навика за изложба на уметнички дела.

Денес оваа колекција се состои од преку 600 слики, скулптури и други уметнички дела од сите земји-членки на Европската унија и пошироко, вклучително и уметнички дела донирани или позајмени од национални парламенти и други институции.

Click