ЕУ вести



Вторник, 27 ноември 2012 година

Климатска конференција на ОН

Продолжување на Протоколот од Кјото за намалување на емисиите на штетни гасови кои придонесуваат за глобално затоплување, е целта на 18. Конференција за климатски промени, која се одржува од 26 ноември до 7 декември во Доха, Катар, во организација на Обединетите нации.

На Климатската конференција присуствуваат претставници на влади, меѓународни организации и граѓански здруженија, во чиј фокус ќе биде имплементирање на веќе договорените одлуки за ограничување на емисиите на јаглерод диоксид низ светот до 2020 година.

Минатонеделната анализа на Светска банка покажува дека постои ризик од пораст на температурите за 4 степени целзиусови до крајот на векот, додека Светската метеоролошка организација, пак, излезе со податокот дека концентрацијата на стаклени гасови достигнала рекордно ниво минатата година.

Click