ЕУ вести



Среда, 10 октомври 2012 година

Европската комисија препорача решавање на спорот со името во рана фаза на преговорите

Решавање на спорот со името меѓу Република Македонија и Република Грција во рана фаза на преговорите за членство во Европската унија – е новитет во најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, кој денеска го претстави комесарот за проширување на ЕУ, г. Штефан Филе.

Притоа, по четврти пат во низа, Комисијата даде препорака за почеток на преговори за членство на нашата земја во ЕУ, овојпат посочувајќи му на Советот дека тоа е неопходно.

Исто така, новина во Извештајот е што, после две години, се враќа употребата на придавката „македонски”.

- Земјата продолжува доволно да ги исполнува политичките критериуми. Владата ја постави ЕУ-агендата во центарот на своите активности. Пристапниот дијалог на високо ниво со Комисијата служи како катализатор за забрзување на реформите и придонесе за значителен напредок во голем број клучни политички области – истакна г. Штефан Филе на прес-конференцијата во Брисел.

Инаку, Република Македонија доби кандидатски статус во 2005 година, во 2009 година Комисијата препорача отворање на преговорите за членство, која препорака беше повторена и во 2010 и 2011 година, а сега и во оваа 2012 година.


 

Click