ЕУ вести



Понеделник, 6 февруари 2012 година

Марибор и Гимараеш - европски градови на културата

Словенечкиот град Марибор и португалскиот Гимараеш се избрани за европски градови на културата за 2012 година. Тие ќе бидат домаќини на мноштво културни настани во текот на годинава, како: опера, модерен танц, класична и забавна музика, филм, театар, ликовна уметност, литература и архитектура.

Ова ќе претставува можност овие градови да го промовираат туризмот, истакнувајќи ги сите свои богатства. Марибор е втор град по големина во Словенија, додека Гимараеш е познат по тоа што е еден од најмладите по население градови во Европа, со оглед на тоа што речиси половина од жителите се под 30 години.

Инаку, иницијативата за избирање град на културата на Стариот континент потекнува од 1985 година и оттогаш 40 градови ја имале можноста да ги нагостат љубителите на уметноста.

 

Click