ЕУ вести



Вторник, 25 декември 2012 година

Марсеј и Кошице - eвропски градови на културата

По одлука на Европската комисија, вторите по големина градови во Франција, односно во Словачка, Марсеј и Кошице, ќе бидат носители на титулата eвропски градови на културата за 2013 година.

Францускиот град Марсеј ќе се насочи кон евромедитерански работилници, со фокус на меѓукултурниот дијалог, поддршка за културната и уметничката креативност и мобилност на уметничките дела и уметници.

Проектот на словачкиот Кошице, пак, има за цел да промовира комуникација меѓу луѓето, преку размена на искуства на поединци од различни области и социјални потекла.

Традиционало, Европската комисија уште од 1985 избира културна престолнина на Европа, со цел да се промовира европскиот дух на заедништво.

Минатата година центри на културата на Стариот континент беа португалскиот Гимараеш и Марибор во Словенија.

 

Click