ЕУ вести



Вторник, 17 јануари 2012 година

Мартин Шулц – нов претседател на Европарламентот

Германецот Мартин Шулц е новиот претседател на Европскиот парламент, откако утринава беше изгласан со 387 гласови во првиот круг на гласањето. Наследникот на г. Јержи Бузек ќе се задржи на оваа позиција до јуни 2014 година.

56-годишниот социјал-демократ, кој е член на Европарламентот од 1994 година, победи во конкуренција на британските кандидати - г. Нерџ Дева и г-ѓа Дијана Волис, кои добија 142, односно 141 глас.

Претседателите на Европскиот парламент се бираат со мандат од две и пол години, преку тајно гласање.

Во рамките на пленарната седница во Стразбур, денеска и утре европратениците треба да изберат и 14 заменик-претседатели и 5 квестори.

За време на четиридневната седница, меѓу останатите случувања, Данското претседателство треба да ги претстави програмата и приоритетите за шестмесечното претседавање со Европската унија.

Click