ЕУ вести



Четврток, 20 декември 2012 година

Музејот на Ливерпул – музеј на годината

Комитетот за култура, наука, образование и медиуми на Парламентарното собрание на Советот на Европа, одлучи наградата на Советот на Европа за музеј за 2013 година, да ја додели на Музејот на Ливерпул, кој содржи траги од социјалната, економската и политичката историја на градот, кој важи за еден од социјално најразноликите во Велика Британија.

Според Комитетот, Музејот на Ливерпул поседува капацитет да привлече луѓе од сите возрасти, потекла и професии, преку организирање на бројни активности насочени кон прифаќање на различните култури од секој аспект и во сите делови од општеството.

Преку одржување современи дебати и дијалог, се промовираат основните вредности, важноста на заедничкиот живот и меѓусебното почитување на сите етнички заедници.

Оваа годишна награда на Советот на Европа се доделува од 1977 година и се смета дека има значителен придонес во разбирањето на европското културно наследство.

Музејот на Ливерпул, покрај признание, како награда ќе ја добие и бронзената статуетка „La femme aux beaux seins“ на Жан Миро, која ќе ја задржи една година.

Click