ЕУ вести



Петок, 12 октомври 2012 година

Нобеловата награда за мир за ЕУ

Европската унија ја доби Нобеловата награда за мир за 2012 година, како заслуга што повеќе од шест децении се залага за мир, помирување, демократија и човекови права.

Норвешкиот Нобелов комитет соопшти дека ја наградува Унијата за нејзиниот придонес во трансформацијата на Европа од континент на војни во континент на мир.

„Нобеловата награда за мир им припаѓа на сите граѓани на ЕУ“, беше дециден претседателот на Европскиот парламент, г. Мартин Шулц.

Европската унија, во името на 500-те милиони нејзини граѓани, официјално ќе ја прими наградата вредна 1,5 милиони долари, за време на свечена церемонија, која ќе се одржи на 10 декември во Осло.

Click