ЕУ вести



Четврток, 2 февруари 2012 година

Нови вработувања – приоритет за ЕУ

Вработувањето и зајакнувањето на економијата се од витално значење за Европската унија, беа согласни членовите на Европскиот парламент за време на вчерашната пленарна седница во Брисел, која продолжува и денеска.

За да се оствари таа цел, претседателот на Европскиот совет, г. Херман ван Ромпуј, наведе три приоритети кои треба да се реализираат:

  • отворање нови работни место, посебно за младите;
  • помош за малите и средни претпријатија во пристапот до кредити;
  • јакнење на единствениот пазар.

Денеска беше усвоена Резолуција која се однесува на спортот, а вклучува промовирање на спортот кај женскиот пол, формирање црна листа за хулиганите, стоп за хомофобијата и расизмот, построги санкции за допинг, основање на европски регистар на спортски агенти и список на играчите за кои работат истите. Се бара наместените натпревари, перењето пари и нелегалното обложување да се третираат како казнено дело.

Европратениците денеска ќе гласаат и за Извештајот кој предлага низа мерки за подобрување на состојбата на жените за време на војна и намалување на сексуалното насилство врз нив. Исто така, се апелира зголемување на бројот на жените во воените и мировните операции, посебно на водечките позиции.

На дневен ред, меѓу другото, ќе се најдат и санкциите против Иран и парламентарните избори во Русија, за што ќе се дискутира заедно со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, г-ѓа Кетрин Ештон.

 

Click