ЕУ вести



Петок, 16 март 2012 година

Отворен пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и ЕУ

Вчера беше отворен пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Република Македонија и Европската унија, кој беше оценет како нова фаза во евроинтегративниот пат на нашата земја, мост кој води кон пристапни преговори со ЕУ.

Првата средба во рамките на дијалогот на високо ниво се одржа во Скопје меѓу македонскиот премиер, г. Никола Груевски и еврокомесарот за проширување, г. Штефан Филе.

„Пристапниот дијалог на високо ниво треба да биде искористен токму за она за кое што е и замислен, а тоа е да се има политички дијалог на високо ниво, за развојот на вашата земја, за реформите и за проширувањето“, изјави г. Филе.

Со пристапниот дијалог се опфатени пет клучни области - владеење на правото, реформа на јавната администрација, слобода на медиумите, реформа на изборната легислатива и функционална пазарна економија.

Во рамките на пристапниот дијалог, кој ќе продолжи во мај и септември, на крајот на месецов ќе почне и техничкиот дијалог за поглавјата 23 и 24 од правото на ЕУ, кои се однесуваат на правосудството и фундаменталните права.

 

Click